Македонија
31. October 2019 - 16:52

Потресни сведоштва за Ласкарци - Што се случувало минути пред несреќата

Трагедијата кај Ласкарци се случи за неколку секунди, почувствувавме свтрување во лево и веднаш возилото излета од автопатот.

Вака во судот сведочеа преживеаните патници од автобуската несреќа која се случи во февруари годинава. Дел од нив велат дека автобусот возел со поголема брзина бидејќи често претекнувал возила на автопатот.

Тврдат дека возачот цврсто го држел управувачот а во кобниот момент не разговарал на телефон..

По несреќата, возачот на автобусот седел во блиската нива, сведочеа патниците, бил исплашен и плачел. Открија дека неколку месеци пред несреќата, возачот имал сообраќајка во Скопје.

Според сведочењата на патниците, возилата на превозната компанија, често останувале дефект - не им се затворале вратите, а неретко биле без ладење и греење.

Велат дека се уште ги чувствуваат последиците од несреќата, дел од нив поради здравствени проблеми наместо да стојат, побараа да седат во клупата за сведоци.. Роднините на загинатите патници, низ солзи ги слушаа сведочењата на своите сограѓани..

За несреќата кај Ласкарци обвинети се шестмина - сопственикот на Дурмо Турс, возачот на автобусот и четворица вработени во компанијата.

Одговараат за сторени тешки дела против безбедноста во сообраќајот.