Балкан
13. July 2018 - 13:18

Потресна исповед на злоставувано момче: Тато ме силуваше додека одев во градинка, и денеска се плашам до него

Психичко, физичко и сексуално злоставување што цели три месеци му приредувал неговиот татко, и тоа додека имал само 5 години, остави неизбришлив траг на детето, денеска е 21-годишно момче. Десет години затвор, на колку што неговиот татко е правосилно осуден, на него тоа ништо не му значи. 
 
- Како момче од неполни пет години доживував повеќепати тешко злоставување. Татко ми повеќе пати физички, психички ме малтретираше. Поради претрпените трауми имам многу тешкотии и психички заболев. Од мојот татко страшно се плашев, а поради заканите кој ги упатуваше, се плашев и за својата мајка и баба. Стравот подоцна се претвори во еден симптом на трајно психичко заболување. Имав трауматично детство, проблеми во училиште и уцени, одев на училиште по прилагодена програма, ги повторував годините, имав кошмари, а стравот од мојот татко и во ноќта стана секојдневие, вака ја започна својата приказна ова 21-годишно момче кое е злоставувано од својот татко  уште кога одел во градинка. 
 
Уште како дете му е дијагностицирана хиперактивност и често се расправал со луѓето. Симптомите на агонијата која ја минувал во добата од пет години постепено се засилувале како што минувале годините.
 
- Вистинската причина на сите мои проблеми е откриен за време на психотерапијата кога наполнив 10 години. Со континуирано лекување  по писихијатриските установи и редовните контроли на психијатрите со зимање на препорачана терапија, имам трајни последици кои ме доведоа до работ на самоубиство. Дијагностициран ми е мешано пореметување на однесувањето, депресија, ПТСП, пореметување на личност, главоболки, пореметување на ЕЕГ со понатамошна прогресија на пореметување во однесувањето врз личноста. 
 
Момчето вели дека како дете преживувал неверојатен страв за време на ужасното злоставување. 
 
Освен што неговиот татко заработил 10 години казна затвор тој има обврска  кон својот син   да му исплати отштета од 102.200 куни.
 
Но неговиот татко го вели спротивното, дека својот син никогаш во животот не го допрел. 
 
- Мојот син не сум го злоставувал сексуално ниту физички, иако за тоа сум правосилно осуден на десет години затвор. Преку осум години минав во затвор, пуштен сум порано поради примерно однесување за разлика од другите затвореници. Во догледна иднина сето ова ќе докажам дека не е точно, овој товар  што ми го ставија не би можел да го направам ни во сон, а тоа го знае и мојот син. Откако излегов од затвор редовно се пријавувам во најблиската полициска станица, а се пријавив и во завод за вработување, но кажете ми вие мене, како да го платам износот од тужбата, прашува таткото и додава дека на синот ќе му ја плати отштетата ако некогаш има пари. 
 
Тој напоменува дека неговиот син уште од рано детство имал здраствени проблеми и дека лекарите му утврдиле хиперактивност.