Џет-Сет
6. May 2016 - 9:25

Потресна исповед на синот на Бата Живоиновиќ: Не ме пуштаат да го прегрнам татко ми

Легендарниот актер Бата Живоиновиќ пред велигденските празници беше хоспитализиран, а според најновите податоци од болнички извори, здравствената состојба му е значително влошена.

Неговиот син Миљко Живоиновиќ кој е во Франција, вели дека не може да дојде во Србија и да си го прегрне татка си. 

Тој за српскиот Курир се жали дека не го пуштаат да излезе од земјата и да дојде да го земе татка си можеби и последен пат за прегратка, со оглед на тоа дека состојбата му се влошува. 

Ова се случува бидејќи против него е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба, додека бил управител на „Rada“.

За потсетување, Бата беше хоспитализиран пред десетина дена.