Живот
29. January 2018 - 15:27

Потресна исповед на познатиот водител: Го победив ракот за да ја однесам ќерка ми пред олтар

Познатиот српски водител ја победи пеколната болест и се врати на малите екрани ведар и свеж како никогаш досега. 

Дејан открил дека моментот кога се разболел најмногу размислувал за семејството. 

- Во тие моменти човек размислува само за своето семејство, за своите мали деца кои се уште не сум ги извел на пат. Размислував за мојот Вукашин, и токму кога сега ова го зборувам гледам во фотографијата на мојата ќерка Лана која се наоѓа во мојата канцеларија. Просто уште го немам научемно Вукашин да игра фудбал и кошарка. Лана се уште не сум ја одвел до олтар, иако е мала, тоа ми беше потсвесно како  некоја обврска. Од друга страна, не смеев себе си да си дозволам да се предадам бидејќи не можам да бидам себичен да јка оставам својата сопруга со толкав товар и да се грижи и жртвува за семејството, а тоа го прави и вака и така. Тоа беа некои работи кои ми беа во главата додека поминував низ тие непријатни животни предизвици, открил водителот. 

Дејан додава дека воопшто не се замара дали некој го гледа со сожалување или не. 

- Не можам да кажам дека тоа претерано ми сметаше. Просто некаде бев малку разочаран што лекарите не ве отпишуваат туку ве отпишува средината. Како болеста да е пренослива и мораат луѓето да бегаат од вас. Тоа и беше причината поради што почнав да зборувам за сето тоа, чисто да им покажам на луѓето дека сум жив и дека и понатаму ќе бидам на оваа планета, изјавил водителот.

Семејството секогаш му било на прво место, како и начинот на кој ги воспитува децата и така рече дека нема лоши деца туку лоши родители.