Балкан
14. јуни 2018 - 22:52

Потресна исповед на мајката на Алекса: Моето дете никогаш нема да каже мама, наместо играчки да му купам, му купив костум и бел ковчег

-Се надевав дека ќе го заткнам жив, но таа надеж не напушти на половина пат, кога на телефонот прочитавме дека починал, се гуши во солзи мајката Марина Димитров од Суботица.

Верував дека не е се изгубено, се надевав дека ќе го затекнам жив и дека ќе можеме на синот единец да му помогне да го преброди сето тоа. Но таа надеж не напушти кога на телефон прочитавме дека починал. Така пишуваше во вестите.

Ова во потресната исповед за српски Курир го раскажува Марина Димитров, чиј 10-годишен син Алекса загина завечера на рекреативна настава на Дивчибара, кгоа во колоната ученици која преминувала учица со „тојота“ налетал Владимир В. (43) од Белград.
 
Костум и ковчег
 
Несреќното момче загинало на самото место, а уште две девојчиња се повредени, за среќа полесно. Кога родителите на Алекса слушнале за несреќата, ведаш од Суботица тргнале кон Дивчибара.

Tragična smrt... Aleksa Dimitrov

-Не сакав да верувам, мислев дека можеби погрешиле. Но судбината е сурова. Се соочивме со загуба и најголема болка. Моравме во полиција, па во болница... Моето дете никогаш повеќе нема да рече мама... Му беа повредените ребрата, срцето и белите дробови, со лелек зборува мајката Марина Димитров, застанувајќи на секој збор, како да неможе понатаму да зборува.

Мајката во солзи вели дека Алекса многу сакал играчки, посебно мотори.

-Беше одличен ученик. Беше нашата гордост и душа. Наместо со нови играчки да го утешам за тоа што му се случи, морав да бирам мал костум за него и ковчег. Се вративме од Ваљево дома да го чекаме, пред повторно да го испратиме на пат, вели со болка во гласот мајката на Алекса.

Алекса е погребан

Таткото Владимир не престанува да плаче.

-Секогаш од сите страни слушавме дека детето е прекрасно, културно, паметно. Кога излегуваше од куќата, секогаш се јавуваше каде оди, да не се грижиме, а ни праќаше  снимки од екскурзијата да видиме колку се децата среќни и весели во природа. Не може човек да насети што ќе му се случи во животот, а најстрашно е што мојот ангел го нема повеќе. Го згази мојот ангел, помина преку него, ништо не може да го врати, лелека таткото Владимир Димитров.

Mesto nesreće... Dečak je nakon udarca odbačen 20 metara

Во ОУ Милош Црњански каде одеше Алекса се одржа комеморација, а момчето е погребано денеска во 15.30 часот. На поседната починка го испратија и другарите од неговото одделение.

Децата се многу истрауматизирани зошто виделе како Алекса лета преку покривот од автомобилот во моментот на ударот. 

Возачот е алкотестиран и немал знаци присуство на алкохол во крвта во моментот на несреќата. Прегледан е и неговиот автомобил и констатирано е дека кочниците му биле исправни. Зошто не закочил пред да удри во колоната деца, ќе одговара пред судските органи.