Балкан
23. March 2017 - 20:44

Потресна исповед на Даниел за живот во сиромаштија: Моите деца гладуваат кога ќе им купам облека или книги

Секое петто дете до 17. година доаѓа од сиромашно семејство. Бројни деца во Хрватска гладуваат, а многу од нив никогаш не биле ниту на школски излет. Тоа за жал е долгорочен проблем за хрватското општество за кој нема решение.

Празен фрижидер е секојдневие во домовите на повеќето хрватски семејства.

Таткото Данијел Буриќ вели дека често се гладни, но и дека се уште размислуваат што е поважно да им се купи - книги или облека. Најмногу му е жал што не може да им објасни дека неможе да им купи нешто, а децата постојано бараат.

Неговите деца поради немаштијата никогаш не биле ниту на школски излет.

рофесорот по социологија Синиша Зриншчак вели дека интересен е податокот што многу малку деца на приматели на социјална помош одат во градинка и таа бројка е некаде околу 30 отсто.

Социјалната помош и детскиот додаток се единствени примања за сиромашните семејства. Таквите семејства мораат секој месец да го стискаат домашниот буџет.

Детскиот правобранител вели дека проблемот има подолга историја и дека во прашање е маѓепсаниот круг од кој мора што побрзо да излезат.

Иако 90 отсто оптимистично гледаат во иднината, експертите истакнуваат дека реалноста е многу потажна.ж

Погледнете го видето: