Македонија
14. December 2017 - 14:46

Потребен нов модел за социјална заштита

Потребни се измени на сегашниот систем на социјална заштита преку воведување минимален загарантиран доход, во кој ќе бидат интегрирани сите досегашни  за да се постигнат подобри ефекти, да се намали на сиромаштијата и граѓаните да имаат достоиснтвен и простоен живот, сметаат експертите учесници на денешната дискусија „Иновации за сеопфатна социјална заштита: социјална помош, минимална плата, достоинствен приход“.

Системот за социјална заштита во моментов предвидува многу видови помош, тој не е универзален поради што не може  целосно да се проценат ефектите. Исто така, тој не ја постигнува целта за намалување на сиромаштијата, бидејќи според статистичките податоци пензиите имаат најголемо влијание врз намалувањето, а не социјалните трансфери, рече Никица Мојсоска-Блажевски од Универзитет Американ колеџ.

Таа вели дека потребно е да се формира еден универзален паричен надомест кој ќе ги интегрира оние кои постојат во моментот, а тоа се 13 од областа на социјална заштита и пет од областа на детската заштита.

Дека ефектот од досегашниот систем за социјална заштита не е доволен се согласува и нејзиниот колега Марјан Петрески.

- Со новиот модел, сиромаштијата би се намалила за една третина, би се намалила и нееднаквоста на распределбата, би се овозможило извлекување од сиромаштија на најранливите категории без да се предизвика дисторзија на пазарот на труд, рече Петрески.

Предлага три шеми за минималналниот загарантиран доход.

- Во првата тој би се движел до 10.800 денари, во втората до 9.660, а во третата шема може да се оди над висината на минималната плата, што би било наменето за тие што работат но имаат приходи помали од 9.000 денари. Државата ним може да им дава и до 50 проценти од приходот што го остваруваат. За оние што немаат работа, пак, ќе бидат предвидени до 6.000 денари слично како досега, рече Петрески.

За спроведување на оваа реформа на годишно ниво се потребни 2,5 проценти од БДП или околу 250 милиони евра. Во моментов за социјална заштита се издвојуваат 100 милиони. Најголем дел од средствата одат за трето дете.