Македонија
9. February 2017 - 15:29

Потрагата заврши трагично: Исчезнатиот штипјанец најден мртов

Потрагата по исчезнатиот маж од Штип заврши трагично, откако вчера на местото Калимерово во близина на реката Брегалница, тој бил пронајден починат. Полицијата денеска информира дека 75-годишниот Ѓ.П. кој на седми месецов беше пријавен за исчезнат од страна на неговиот син, вчера бил пронајден мртов.

Лекарите можеле само да констатираат смрт, а по наредената обдукција ќе се знае што му се случило на старецот и како починал.