Живот
11. January 2016 - 23:51

Потрага по патниците без панталони

Полицијата трага по патниците кои во долна облека се возат во московското метро, како дел од перформансот „Возење со метро без панталони“.

Станува збор за акција која се спроведува ширум светот, пренесува ТАСС.

Администрацијата на московски метроплитен побара да се почитуваат правилата на однесување и да се почитуваат останатите патници.