Свет
14. August 2017 - 9:01

Потпретседателот на САД Мајк Пенс го осуди насилството во Шарлотсвил

Потпретседателот на САД Мајк Пенс го осуди насилството за време на протетсот на расисти во Шарлотсвил, Вирџинија, и истакна дека за „слични опасни крајнодесничарски групи нема место во американскиот јавен живот", пренесоа американските медиуми.

Пенс изјавата ја даде во Картагена, Колумбија, каде е во посета.

Републиканци и демократи го критикуваа американскиот претседател Доналд Трамп за неговата првична изјава за насилството во Шарлотсвил. Трамп не ги спомена ниту една од овие групи како виновни за насилството.

- Ние не покажуваме толеранција кон омразата и насилството, ниту кон приврзаниците на идејата за супериорност на белата раса, неонацистите или Кју клус клан, потенцираше Пенс.