Фудбал
30. August 2018 - 18:28

Потпретседател на ФИФА од Парагвај осуден на 10 години затвор

Поранешниот потпретседател на ФИФА, Хуан Анхел Напут, поради корупција и рекетирање, е осуден на деветгодишна затворска казна. Напут е еден д функционерите на ФИФА кои беа обвинети по акцијата во која беа разоткриени неколку скандали во врвот на Меѓународната фудбалска федерација.
 
Во пресудата на судот во Њујорк се наведува дека Напут е осуден на затворска казна во време траење од девет години и дека ќе мора да плати глоба во износ од 4,3 милиони долари.
 
Претходно, четири години затвор доби поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Бразил, Хозе Марија Марин.
 
Марин исто така е осуден поради рекетирање и корупција и за примање поткуп за продажбата на телевизиските права за разни фудбалски турнири, вклучувајќи ја и Копа Америка.