Македонија
9. October 2019 - 14:06

Потпреседателката на Собранието Фросина Ременски една од новоосомничените за „Рекет“

Потпреседателката на Собранието Фросина Ременски е една од  петте новоосомничени во аферата „Рекет“.

За неа, обвинителството ќе бара мерка на претпазливост.

Според, официјалното соопштение од обвинителството, осомниченото лице како функционер, одело на состаноци со првоосомничениот Бојан Јовановски.

„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, соопштија од обвинителството.

Мерки на претпазливост ќе се бараат и за тројца од четворицата нови осомничени, додека за еден кој е дел од Меѓународниот сојуз ќе се бара притвор. Неофицијално, станува збор за Јасна Мандиќ која е заменик-претедателка на Меѓународниот сојуз.

Инаку, во Сојузот, Ременски ја имаше титулата почесен претседател.

Таа во рамки на истрагата за оваа афера даваше исказ, а покрај неа пред обвинителството да сведочи беше повикан и пратеникот Александар Кирацовски.