Македонија
17. јуни 2018 - 16:35

Потпишувањето на договорот главна вест во светските медиуми

Во фокусот на светските медиуми се најде потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција.Според Франс Прес Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска нација Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот што ги отру односите меѓу двата соседи од 1991 година .. Договорот има за цел да почне да го одмотува еден од најдолгите - и дефинитивно најапсурден - дипломатски спор, кој почна пред 27 години кога Македонија прогласи независност.Вашингтон пост, Ројтерс , Би-Би-Си  и ДПА наведуваат дека договорот има за цел да го реши деценискиот спор меѓу двете земји, но и дека  треба да биде одобрен од страна на двата парламента, а во Македонија и со референдум.

Извештаите во бугарските медиуми засега се речиси без коментари, само информации дека е потпишан во грчко село на брегот на Преспанското езеро, и истакнуваат дека „историскиот договор е факт“ и потенцираат дека Ципрас од Заев доби црвена вратоврска.Бугарските медиуми исто така ја пренесуваат и пораката на Фејсбук на премиерот Бојко Борисов, кој ги поздрави премиерите на Македонија и Бугарија и напиша дека договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. 

Под наслови „За историја: потпишан договор!“, „Република Северна Македонија – историски договор меѓу Атина и Скопје“, „Историски момент: и сл., електронските изданија на српските медкуми денеска јавуваат за пoтпишувањето на договорот за името.Покрај вообичаните податоци за тоа кој присуствувал на потпишувањето, српските медиуми цитираат и делови од говорот на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.Воедно  јавуваат дека за време на потпишувањето на договорот во близина на Псарадес биле одржани протести. 

За албанските медиуми потпишан е  историски договор, со што е ставен  крај на долгогодишниот спор околу името, а со кој Македонија сега се вика Република Северна Македонија,.Сите медиуми напоменуваат дека на потпишувањето присутвувале високи претставници на ЕУ, а посебно ја акцентираат и изјавата на медијаторот Нимиц.Засега нема официјална реакција од албанскиот државен врв.