Македонија
5. September 2018 - 9:58

Потпишување спогодба за платите во здравството

Во Владата на Република Македонија во тек е прес-конференцијата на која министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, ќе потпишат Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.

На потпишувањето на спогодбата присуствува и премиерот Зоран Заев.