Бизнис
6. March 2019 - 8:37

Потпишување на Националната програма за достоинствена работа

Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе биде потпишана Националната програма за достоинствена работа“ и ќе биде промовиран проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“ финансиран од Европската унија.

Потписници на програмата се Меѓународната организација на трудот, Министерството за труд и социјална политика, Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати, Конфедерацијата на слободни синдикати, Бизнис конфедерацијата и Унијата на независни и автономни синдикати.

На настанот најавени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, регионалниот директор на МОТ за Европа и Централна Азија, Хајнц Колер и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.