Македонија
18. December 2018 - 9:06

Потпишување договори за подобрување на состојбата на Ромите

Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат потпишани договори за финансирање на активности во 12 општини за подобрување на состојбата на Ромите на локално ниво.

Договорите за финансирање на конкретни активности со средства од централниот буџет за 2018 година ќе ги потпишат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија 2014-2020 година, Аксел Ахмедовски и градоначалници на 12 општини кои имаат подготвено локални акциски планови за имплементацијата на Стратегијата.