Бизнис
4. September 2018 - 8:20

Потпишување договори за поддршка на бизнис-акцелератори за млади

Во Владата на РМ денеска ќе бидат потпишани договори за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.

Потпишувањето го организира Фондот за иновации и технолошки развој.

На настанот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Светска банка за Македонија и за Косово Марко Мантованели, како и директорот на Фондот Јован Деспотовски.