Бизнис
4. September 2019 - 9:04

Потпишување договори за капитални инфраструктурни проекти од Програмата за рурален развој

Во Владата денеска ќе бидат потпишани договори со 12 општини за реализација на капитални инфраструктурни проекти од Програмата за рурален развој.

На потпишувањето ќе присуствуваат и ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.