Македонија
25. November 2017 - 8:26

Потпишување договори од Мерката 122 од Националната програма за рурален развој

 

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се потпишат првите договори за Мерката 122 од Националната програма за рурален развој, за „Поддршка на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

На потпишувањето на договорите ќе се обратат претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и дел од присутните земјоделци. 

Потпишувањето на договорите ќе го изврши директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.