Бизнис
29. September 2017 - 8:33

Потпишување договор за ревитализација на ТС „Дуброво“

АД МЕПСО и конзорциумот „Сименс и Сискон“ денеска во Владатa ќе потпишат договор за ревитализација на 400/110 киловолтната трансформаторската станица „Дуброво“, вреден 4,7 милиони евра.

Со овој договор, кој ќе биде потпишан од страна на директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, и претставникот на конзорциумот „Сименс и Сискон“, Срдан Срдановиќ, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, ќе почне новиот инвестициски циклус за ревитализација на повеќе трансформаторски станици и изградба на седум нови далекуводи ширум земјава, вреден повеќе од 50 милиони евра.