Македонија
11. March 2019 - 8:45

Потпишување договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина

Во Домот на културата во Валандово денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ќе присуствува и ќе се обрати на потпишување на договорот за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина, втора фаза.

Како што е најавено, на потпишувањето на договорот ќе се обратат и заменик – претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.