Бизнис
9. October 2016 - 12:07

Потпишување договор за инвестиција со германски „СТС Текстајлс“

Во Клубот на пратениците во Скопје денеска ќе биде потпишан договор за инвестиција со германската компанија „СТС Текстајлс“.

На потпишувањето на договорот најавено е присуство на претставници од германската компанија и претставници од Владата на Република Македонија.

На настанот ќе се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.