Бизнис
30. December 2015 - 19:38

Потпишани договорите за финансирање 17 проекти преку Фондот за иновации

Расте бројот на млади компании и перспективни претприемачи. Поттикнување на претприемничкиот дух и иновативното размислување останува во фокусот на политиките на државата. Ова го истакна премиерот Груевски на денешното потпишување на договори со кои 17 компании преку вториот повик на Фондот за иновации  добија средства да ги реализираат своите иновативни проекти.

- Владата на РМ и понатаму ќе ги следи и поддржува ваквите проекти. За 2016 година имаме испланирано 2 милиони 650 илјади евра со кои е планирано да се поддржат 25 стар-ап и спин-оф претпријатија, десет проекти за комерцијализација на иновации, два проекти за трансфер на технологии и еден деловно-технолошки акцелератор. Заклучно со 2017 година за инструментите преку Фондот за иновации имаме предвидено 10 милиони евра за поддршка, рече Груевски.

Од избраните проекти 10 добија грантови до 30 000 евра како новоосновани старт ап и спин оф претпријатија . Остантите 7 фирми ќе ги комерцијализират своите иновации  со средства до 100 000 евра.

Преку двата повика на Фондот годинава се поддржани вкупно 33 претпријатија.Со вториот повик се доделени средства во износ од 877.000 евра.