Македонија
6. October 2015 - 16:38

Потпишани договорите за експресниот пат Ранковце- Крива Паланка

Обезбедени финансии за изградба на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце. Владата го потпиша договорот со Светка банка за кредит од 83 милиони евра со кои ќе се изгради клучната делница за жителите на Североисточна Македонија, но и за поврзување со Бугарија.

Заемот, како што изјави вицепермиерот Ставрески, е со поволни услови, односно камата од шестмесечен еуролибор која во моментов изнесува 0,88%. Отплата е на 28 години со 8 години грејс период. Се работи за најновиот од редицата крупни проекти финансирани од Светската банка.

- Имаме исклучително добра и брза реализација на почнување со градба на патот и тоа е дел од вкупниот партнерски однос со Светска банка во изминатите 20 години, која  ја поддржа Република Македонија со 1,960 милијади долари вклучени во проекти. Дел се и грантови со кои се реализираат значајни проекти во делот на транспортната инфраструктура, енергетиката, земјоделството, социјалната, образованието и други сектори, изјави Ставрески. 

Експерниот пат ќе почне со изградба на пролет и ќе биде 26 километри долг со ширина која ќе достија 12,5 метри. Ќе содржи 22 моста, 9 натпатници, 13 пропусти и 2 клучки.

- Покрај жителите на овој регион, кои долго време го бараа, туку и сите жители на РМ, особено оние кои се занимаваат со економија и кои ги имаа запоставено односите со истокот, со овој пат се реализираат услови за засилена трговија и полесен транспорт на луѓе, стока и конечно предуслови за развој на туризмот, рече Пешевски.

Проектот, како што изјави министерот Мисајловски, е продожеток на капиталните вложувања во инфраструктурата ширум земјата.

- Оваа Влада е силно посветена во изградба на квалитетна инфраструктура. Тоа го покажува и фактот што во моментов се градат три нови автопати со вкупна должина од 156 километри и инвестиција од над 800 милиони евра. Само во еден месец почнавме со изградба на 5 регионални патни правци меѓу кои Битола-Буково-Ресен, Ново Село Мокрино-Смоларе, Нов Дојран-Николич со должина од 155 километри и вкупна инвестиција од 10 милини евра, изјави Мисајловски.

Претставниците на владата најавија и дека за модернизација на коридорот 8 ќе се реконструира и проширува и делот од Крива Паланка до Деве Баир за што веќе е објавен тендер за проектирање.