Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МТСП и Неформална ,,ИРИС МК” мрежа
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски и претставниците на Неформалната ,,ИРИС МК” мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се воспоставува и унапредува соработката помеѓу Министерството и Неформална ИРИС МК, мрежа за унапредување на социјалните услуги во Македонија, координирана од страна на Здружение за студенти и младинци со хендикеп, со цел преземање на заеднички активности за унапредување на социјалната заштита и подобрување на социјалните услуги во Република Македонија.
Приоритетни цели опфатени со Меморандумот, како што соопштија денеска од Министератвото, меѓудругото, се унапредување на законската регулатива во областа на социјалната заштита, преземање заеднички активности за создавање законски основи за лиценцирање на граѓанскиот сектор кои се даватели на социјални услуги, спроведување истражувања и анализи за степенот на исполнетост на регулативата и јавните политики насочени кон унапредување на социјалната заштита, како и поддршка и заедничка координација при реализација на проектот „Подобрување на квалитетот на социјалните услуги на граѓанските организации во Југоисточна Европа“, (спроведуван од страна на Здружение на студенти и младинци со хендикеп), а во согласност со европското законодавство, домашната законска регулатива и подзаконските акти.
Со Меморандумот треба да се овозможи и соработка при унапредување на правата на лицата во социјален ризик, како и идентификување на можни решенија за заедничките проблеми, преку координирани активности во рамки на мрежата и МТСП.
Во неформалната мрежа за унапредување на социјалните услуги во Република Македонија „Ирис МК” членуваат 15 граѓански организации кои се даватели на социјални услуги.
На денешното потпишување присутни беа потпретседателката на Здружението на студенти и младинци со хендикеп Сузана Најдовска-Георгиевска, Сашко Јованов од Здружение ,,Хуманост” и Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ,,Инклузива”, кои ја искористија можноста да ја запознаат министерката Ташевска-Ременски со сите проблеми и предизвици со коишто се соочуваат членките на неформалната мрежа ,, Ирис МК”.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација