Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП, МЗ и општина Ѓорче Петров
Изградба на нова градинка, нова модерна амбуланта и административни простории за потребите на локалната самоуправа на местото на постоечката здравствена институција во урбаната заедница Дексион, преку воспоставување договор за јавно-приватно партнерство. Ова го вклучува Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа министрите за здравство и за труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
Преку заемна соработка, поддршка и активности меѓу страните потписнички и приватниот партнер, кој треба дополнително да биде избран на оглас, откако ќе заврши постапката за физибилити студија, очекувањата се дека до средина на следната година треба да биде поставен камен-темелник за овој повеќенаменски комплекс за јавни услуги.
- И се заблагодарувам на Владата за поддршка на овој многу значаен проект за граѓаните, прв од ваков вид, воспоставен меѓу три јавни институции и приватен партнер, со кој ќе овозможиме подобрување и модернизирање на условите во здравството во кои сега работат медицинските лица во нашата општина, но и преку зголемување на капацитетите, намалување на бројот на дечиња кои чекаат да бидат запишани во градинка, рече градоначалникот Наумоски на прес-конференцијата.
Министерката Царовска информираше дека Владата за една година отворила 11 градинки, а до крајот на годината се очекува отворање на уште 13 вакви објекти.
Според министерот Филипче, поголем број од амбулантите, како и таа во Дексион, се во лоша состојба, поради тоа што долги години не е инвестирано во нив. Со ваквите значајни проекти, како што рече, користејќи ги искуствата на модерните западни земји, се очекува состојбата во здравствениот сектор значително да се подобри.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море