Македонија
26. February 2016 - 21:13

Потпишан мемoрандум за соработка меѓу македонскиот и холандскиот катастар

Катастарот ќе учи од холандското искуство. 3Д катстар како и земјишна администација се некои од проектите кои ќе ги реализира институцијата во иднина во соработка со холандскиот катастар. Со помош пак на шведските искуства од втората половина на годинава ќе почне и масовната проценка на недвижностите, при што секоја зграда, куќа и земјиште ќе добијат пазарна цена. Ова е од огромно значење како за граѓаните така и за компаниите и инвеститорите. Многу ќе им користи на оние кои сакаат да го продадат имотот како и на финансиските институции кои  ќе имаат увид во вредноста која може да се стави под хипотека.

Од холандскиот катастар со позитивни мислења за брзиот развој на македонскиот катастар и реформите кои континуирано ги спроведува.

Тонско Хендрик Вестeнбег, претставник на холандскиот Катастар - Во изминатата деценија соработувавме многу успешно во многу области. Во овие 10 години македонскиот Катастар покажа високо ниво за да преземе знаење и искуство од другите држави како што е Холандија. Сакаме да му честитаме на Катастарот за брзите промени што беа спроведени, посочи Вестербег.

Масовната проценка на недвижностите се очекува да биде завршена за две години,  со што ќе се знае колкава е вредноста на целокупниот имот во земјава. Лани Катстарот  го воспостави и Регистарот на цени и закупнини во кој се регистрирани над 20 000 трансакции на недвижности.