Македонија
7. September 2017 - 12:03

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Комисијата за заштита на конкуренцијата и Правниот факултет „Јустинијан Први“

Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренција Благој Чурлинов и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка со цел размена на искуства, знаења, едукација, литература и усовршување на кадри од областите во кои двете институции имаат кадровски и други интереси.

Во зависност од меѓусебниот интерес, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе соработуваат во изработка на заеднички истражувачки проекти и ќе даваат меѓусебна поддршка во организација на работилници, научни собири, тркалезни маси и друг вид настани, соопшти денеска Комисијата за заштита на конкуренцијата.