Свет
11. April 2017 - 21:58

Потпишан меморандум за формирање на Центар против хибридни закани

Група земји-членки на Европска унија и на НАТО денеска се договорија да формираат европски центар против хибридни закани, чија цел ќе биде борба против неконвенционалните методи на војување, како дезинформации и лажни вести.

Меморандумот за формирање на Центарот со седиште во главниот град на Финска, Хелсинки, го потпишаа девет држави - Велика Британија, Финска, Франција, Германија, Летонија, Литванија, Полска, Шведска и САД.

Претставникот на НАТО, Лоренц Мајер Мајнеман изјави дека европскиот Центар за спречување на хибридни закани служи како платформа за собирање средства и размена на експертизи меѓу ЕУ и НАТО.