Балкан
27. August 2015 - 8:37

Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово

Во средата попладне во Виена, Црна Гора и Косово потпишале договор за демаркација на границата меѓу двете земји. Веста за косовските медиуми ја потврдил Ардиан Арифај, советник на шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи.

- Министерот за надворешни работи Хашим Тачи и министерот за внатрешни работи Скендер Хисенај го потпишаа договорот за демаркацијата на границата со нашиот западен сосед. - изјавил Арифај, додавајќи дека од црногроска страна потпис ставиле министерите Игор Лукшиќ за надворешни и Рашко Коњевиќ за внатрешни работи, во присуство на премиерите на двете земји. 

Определувањето на границата со Црна Гора, предизвика жестоки препукување меѓу косовската опозиција и владата. Опозицијата обвинува дека со договорот на Црна Гора и се отстапуваат 12 илјади хектари земјиште. Но владата на премеирот Иса Мустафа тоа го деманира и тврди дека не е отстапен ни еден сантиметар.

- Косово го заокружи прашањето на демакарација на границата со Албанија, со Македонија а сега и со Црна гора, се надеваме дека тоа наскоро ќе го направиме и со Србија. Денешниот чин на потпишување на договорот не е значајно само за нашите две земји туку за целиот регион,бидеќи е потврда дека регионот е во период на соработка и сигурно чекори кон еворатланслата интеграција, -изјавил Тачи.

По веста за потпишаниот договор група жители протестирале во Пеќ а еден час го блокирале и патниот правец Пеќ-Рожај.

Во Косово овој договор беше презентиран како критерум на ЕУ за потпишување на  спогодбата за асоциација и стабилизација.