Бизнис
25. April 2018 - 19:54

Потпишан договорот за продажба на ЕДС, Анѓушев ќе стане побогат за 4,8 милиони евра

Вицепремиерот Анѓушев за три недели ќе биде побогат за 4,8 милиони евра. Денеска го потпиша договорот за продажба на неговата компанија ЕДС на грчкото електростопанство ППЦ. Сумата ќе ќе биде внесена во неговиот анкетен лист по завршувањето на сите процедури и плаќањето на персоналниот данок. Парите од продажбата Анѓушев ќе ги инвестира, но засега не знае во што.

ЕДС, компанијата која се занимава со трговија со струја Анѓушев ја формирал како старт ап, од нула а денеска има  40 – тина вработени и работи во повеќе земји во регионот на ЈИЕ. Вицепремерот Анѓушев најави продажба во влегувањето во владиниот кабинет за да се спречи конфликт на интереси. Таа е дел од компанијата Фероинвест, каде Анѓушев и натаму е мнозински соптвеник.

Главниот извршен директор на ППЦ  по потпишувањето на купопрожаниот договор најавува дека ЕДС  и натаму ќе напредува и ќе стане уште помоќна со оглед на развојните планови.  Преку неа грчката компанија ќе ги освојува пазарите на Балаканот каде има намера да стане лидер. Таа е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката, со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра.  Анѓушев пак и  досега беше најбогат член на владиниот кабинет. Пред продажбата на ЕДС во анкетниот лист имаше пријавено 28 милиони евра