Бизнис
5. November 2015 - 19:39

Потпишан договорот со Костал - ќе инвестираат 50 милиони евра и ќе вработат 1.000 лица

Почнува реализацијата на инвестицијата на германскиот гигант Костал во Охрид. Компанијата ќе вложи 50 милиони евра и ќе вработи 1000 работници. Вработувањето во компанијата почнува веднаш, објавен е огласот за ангажирање работници во охридскиот центар на Агенцијата за вработување.

- Ќе се реализираат две паралелни инвестиции. Едната ќе функционира во слободната економска зона за производство на електронски компоненти во автомобилската индустрија, а втората во постоечкиот објект каде што ќе се произведуваат разни производи, рече Мизо и додаде дека се преземаат сите активнсоти за да се дооформи индустриската зона која ќе биде прва според новите ингеренции кои ги има добиено за адаптирање, реновирање.

Костал е гигант во автомобислкиот сектор кој има свои фабрики во 17 земји во светот и вработува над 16.000 работници. Во Макеоднија доаѓа по три годишно преговарање, а земјава е одбрана во силна конкуренција.

Костал е остварено ветување од прмеиерот Груевски за граѓаните во охридско – струшкиот регион. Инветсицијата тој ја најави во март минатата година

Костал е втора голема инветсиција во охридскиот регин. Во тамошната зона веќе с егради фабриката на ОДВ електрик каде исто така ќе работат 1000 лица.