Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ, формирано „Движењето одлучно за промени”
Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа претседателите на ЛДП и на ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, формирајќи го „Движењето Одлучно за промени“.
– Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена, наведуваат од Либерално демократската партија (ЛДП).
До сега тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров – Љупчо Јаневски, на Кисела Вода – Ѓулистана Марковска, на Гевгелија – Виктор Петков, на Прилеп – Славе Петрески и на Штип – Ванчо Санев.
Од „Движењето Одлучно за промени” најавуваат дека во недела ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација