-->
-->
Потпишан договор за соработка меѓу хрватски КЕТ и ФЕИТ
-->
Хрватската компанија „Кончар Инженеринг за енергетика и транспорт“ (КЕТ) и македонскиот Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) потпишаа договор за соработка и договор за донација на „Скада проза нет“ систем за потребите на Центарот за трансфер на технологии и иновации при ФЕИТ.
Со договорот за соработка се опфаќа спроведување на истражувачки и развојни проекти и взаемна употреба на специфични експертизи, опрема и лаборатории.
Договорот за соработка е потпишан вчера во Охрид од Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски и претседателот на Управата на КЕТ Мишо Јурковиќ во рамки на меѓународна конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море