Потпишан договор за регулација на реката Вардар во Полошкиот регион
Договор за основен проект за регулација на реката Вардар во Полошкиот регион вреден 2 милиони и 800 илјади евра денеска потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и деканот на Градежен факултет-Скопје при УКИМ, Дарко Мославац.
Според министерот Изаири, договорот ќе се спроведува според претходно утврдена динамика, а нагласи дека е задоволен што токму Градежниот факултет како сериозна институција ќе го спроведе.
Деканот на Градежниот факултет Мославац смета дека овој проект е продолжение на веќе направен постар проект, со тоа што целокупната документација ќе биде, како што рече, максимално искористено, но ќе претрпи и многу промени.
Речното корито во Полошкиот регион е со голема широчина, мала далбочина и со остри кривини. На повеќе делници има отпад што доведува до плавење на населените места и на големи површини плодно земјиште. Со неговата регулација ќе се елиминираат поплавите, ќе се стабилизира водниот режим во Полошкиот регион, а ќе се контролира продукцијата и транспортот на речениот нанос.
Министерството за животна средина за овој проект ќе обезбеди 2 милиони и 600 илјади денари средства обезбедени преку Програмата за инвестиции во животната средина за 2016 година. Проектот треба да биде изработен во тек на четири месеци најдоцна до јули оваа година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација