Потпишан договор за изградба на спомен обележје на Никола Карев кај Свиланово
Општина Чешиново Облешево и Источниот плански регион потпишаа договор за кофинансирање на општината во реализација на проектот за изградба на спомен обележје на Никола Карев кај месноста Свиланово недалеку од кочанското село Рајчани. Спомен обележјето заеднички ќе го градат општините Кочани и Чешиново Облешево како проект финансиран од Источниот плански регион.
- Потребните финансиски средства за реализација на овој проект се обезбедени од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој во изност од 5.197.515 денари и дополнителни 5.647.017 денари издвоени од буџетите на општините Чешиново-Облешево и Кочани. Општина Чешиново Облешево ќе учествува со 2.823.008 денари, изјави Катерина Постолова,од општина Чешиново Облешево.
Изготвениот изведбен проект предвидува објектот да симболизира амфитеатар, а во негови рамки да се постават т.н. терастон гранитоидни плочи со црвена, жолта и сива боја на вкупна површина од 580 метри квадратни. Исто така, ќе се вградат и 450 метри квадратни бекатон плочки за тротоарската површина, за паркинг просторот и за рампата за инвалидни лица.
Како дополнителна урбана опрема треба да се постават десетина самостојни клупи и места за седење на амфитеатралниот дел, а осветлувањето ќе биде со лед светилки што ќе користат електрична енергија добиена од сончеви колектори.
Спомен обележјето на Никола Карев кај свиланово, кочанско се очекува да биде готово до крајот на октомври годинава.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок