Бизнис
11. March 2019 - 19:49

Потпишан Договор за изградба на системот „Јужна Вардарска долина“

Започнува втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар. Договорот од програмата која ќе значи нов и возобновен систем за наводнување во југоисточниот регион , но и намалени  трошоци за земјоделците беше потпишан денска во Валандово.  Премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на потпишувањето на договорот вели се работи  за капитална инвестиција  со која се воведуваат модерни системи за водоснабдување во земјоделството.  Проектот чини 24.3 милиони евра од кои  дел се буџетски пари, а дел се кредит и грант од германската развојна банка KfW.

Проектот предвидува да се зафаќа вода од Удово од реката Вардар која понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри

Освен договорот со изведувачот на градежните работи денеска министерот за земјоделие  Николовски ги потпиша и договорите за надзор на проектот со Градежниот институт Македонија и договорот за консултантски услуги.