Македонија
21. March 2016 - 13:57

Потпишан договор за финансирање изградба на канализациска мрежа во Требош

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Желино Фатмир Изаири денеска во  локалната самоуправа во Желино потпишаа договор за финансирање на проектот „Изградба на канализациска мрежа во  Требош“.

Според министерот Изаири, овој договор е продолжување  на насоките на Министерството за инвестирање во заштитата на животната средина насекаде во Македонија.

- Проектот за завршување на канализациската мрежа во Требош е кофинасиран помеѓу Министерството и општината и очекуваме дека со негово завршување сериозно ќе се влијане за заштита на средината и заштита на водите во овој дел од тетовско, рече министерот Изаири.

Градоначалникот Изаири појасни дека станува збор за финална фаза на изградбата на канализационата мрежа но и водовод во две населени места Палатица и Требош, проект што е започнат многу порано.

- Денешниот договор е за решавање на проблемот со канализациската мрежа во делот на Требош каде тоа не е направено и за ова средствата се половина од Министерството, а половина општински средства. Се надевам дека вака многу скоро ќе го пуштиме во употреба целиот канализационен систем од околу 30 километри и паралено со тоа и водоводната мрежа. Останува колекторот за делот од општина Желино и очекуваме Центарот на полошкиот плански регион да го објави тендерот и со овозможување на поволни времнски услови за градба очекуваме дека до септември ќе го завршиме и овој зафат за заштита на животната средиан, рече Изаири.

Во однос на состојбите со филтрите со кои требаше точно да се утврди хемискиот соств на причинителите за загадувањето на воздухот министерот Изаири посочи дека вакви филтри со меѓународна помош биле поставени во Тетово и Скопје во мај минатата година и мерењето завршило кон крајот на февруари оваа година.

- Добиените и собрани податоци согласно договорот се испратени за анализа во Австрија и Финска и резултатите се очекуваат во април кога тие ќе бидат претставени и пред пошироката јавност во Македонија, рече министерот Изаири.

Градоначлникот Фатмир Изаири одговарајќи на прашање околу изградбата на локалниот пат до селото Луковица посочи дека овој пат во должина од околу шест километри бара средства од околу триста илјади евра пари што општината ги нема и оти оваа активност зависи и од плановите и буџетот на Агенцијата за подршка и рурален развој.

- Ние како општина имаме подготвено проект и техничка документација и доколку се најдат средства патот до Луковица и  ќе се асфалтира, рече Изаири кој посочи дека Луковица заедно со Желино и Стримница се единствените села во општината што имаат целосно заокружен водовод.