Потпишан договор за асфалтирање улица и изградба на секундарен плоштад во Пробиштип
Во општина Пробиштип почнува реконструкцијата на улицата „11 Октомври“ и изгардба на нов секундарен плоштад. Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша договор со компанијата Урбан инвест за раелизација на овие два проекти.
Средствата за реализација се обезбедени од фондовите на ЕУ преку ИПА програмата, а се реализира преку Министерството за финансии и Канцеларијата на Светска банка. Грантот изнесува 260.000 евра, останатата разлика од 800.000 денари ќе се реализира преку буџетот на општината.
- На улицата „11 Октомври“ ќе имаме асфалтирање и поставување на ново улично осветлување со енерегетски ефикасни светилки и нови тротарни површини. Вториот дел од овој проект е изградба на нов секундарен плоштад што се надоврзува на примарниот плоштад. На еден дел ќе има и одредено и за паркирање на возила во централното градско подрачје, на остантиот дел ќе биде изградена нова фонтана, жардиниери, поставување на урбана опрема и улично осветлување, како и еден мал амфитеатар од страната на гимназијата, рече Тоневски.
Додаде дека рокот на изведба е шест месеци за двата проекта кои се наоѓаат во централното градско подрачје на Пробиштип.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација