Македонија
3. November 2016 - 23:12

Потоп вечерва во Скопје, и утре нови врнежи

Пороен дожд вечерва го зафати скопскиот регион. Такво време метеролозите најавуваат и утре.

Во утринските и претпладневните часови ќе има слаб локален дожд. За време на викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло, со појава на магла по одделни котлини. 

Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.