Свет
4. November 2018 - 11:56

Потоп: 10 мртви на Сицилија, меѓу кои и деветчлено семејство со деца од една, три и 15 години

На подрачјето на Палермо на италијанскиот остров Сицилија десет лица, меѓу кои и деветчлено семејство, настрадаа во надојдена река, соопшти денеска локалната пожарникарска служба.

Телата на деветчленото семејство, вклучувајќи и деца од година, три и 15 години, се пронајдени во поплавена куќа.

Тројца други членови на семејството успеале да побегнат на време, пренесоа италијанските медиуми.

Во поплавата која следувала поради невремето, настрадал уште еден човек кој се обидел да оди на работа.

Локалните власти наведоа дека денеска се трага по уште едно лице, лекар кој пеш ги посетувал пациентите.