Свет
1. January 2018 - 13:24

Потона брод со 48 патници во Индонезија, осуммина загинати, 13 исчезнати

Осум лица загинаа, 13 се водат за исчезнати откако брод со 48 патници, меѓу кои и деца, потона денеска покрај брегот на индонезискиот остров Калимантан. Останатите патници се спасени, соопштија претставници на спасувачките служби.

Бродот пловел од Танџунг до Таракан од индонезиската страна на островот Борнео, каде се превртел и потонал.

Засега не е позната причината за несреќата.