Потенцијалниот лек за Ковид-19 ќе чини од 2.340 до 3.120 долари
Компанијата „Гилеад“, со седиште во Калифорнија, одлучи цената на ремдесивир, потенцијелен лек за Ковид-19 да изнесува 2.340 долари за петдневен третман во САД и другите развиени земји.
Цената е помала од 5.080 долари, како што препорачуваше Институтот за економска анализа, америриканска група за истражување на цените.
Институтот како најниска цена за лекот предлагаше цена од 2.520 до 2.800 долари, ако евтиниот стероид дексамтазон, кој не е заштитетн патент, биде одобрен за лекување на новиот коронавирус.
Ремдесивир е лек одобрен за итна употреба кај некои пациенти во САД. Цената на ремдесивирот за пациенти во САД со приватно осигурување ќе чини 520 доалри за една доза, а бидејќи лекувањето се состои од шест дози, вкупно ќе чини 3.120 долари. Тоа е за 33 отсто повеќе отколку што „Гилеад“ им наплати на владите на развиените земји – 390 долари за една доза односно 2.340 долари за циклус.
„Гилеад“ постигна договор со американското Министерство за здравство, агенциите и државите да се организира достава на лекот до болниците до крајот на септември.
Европска Унија дозволи употреба на лекот под услов пациентот да е во тешка состојба.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање