Балкан
18. September 2015 - 11:16

Потами треба да добие 10 отсто од гласовите на изборите во Грција

Лидерот на Потами Ставрос Теодоракис изјави дека партијата треба да добие 10 отсто од гласовите на изборите во недела.

- Ги советуваме Грците да не се враќаат во минатото. Ако Потами не добие висок процент, нема да биде во можност да и помогне на земјата како што сакаме, рече тој за телевизијата Скај.

- Во ниту еден случај нема да бидеме нечија „патерица“, затоа што нашата амбиција не е министерска позиција, туку промена на земјата. Мислам дека луѓето сфаќаат дека не е важна само првата партија, туку и оти третата партија, исто така, ќе игра значајна улога, изјави Теодоракис.

Тој подвлече дека ако Потами е трета партија, ќе биде во можност да влијае на политичкиот систем на корисен начин.