Македонија
22. May 2017 - 15:40

Посвежо време, со поројни дождови и град

Утре и во наредните денови во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме со појава на град се очекува да има утре.

Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува и повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време.

Од петок до недела ќе има повеќе сончеви периоди, а врнежите ќе бидат послаби и полокални.