Постојат точно 6 видови сало - откријте во кој припаѓате и што треба да направите за да ослабете
За да се ослободите од салото треба и здраво да се храните и да вежбате. Токму оној дел од телото каде салото најпрво се „фаќа“ укажува и на вистинската причина на дебелеењето. Научниците идентификувале шест различни предизвикувачи на дебелеењето.
1. Неактивна дебелина
За овој тип е специфично дебелеењето во горниот дел од телото - од колковите па се до лицето. Причината, освен она очигледното, е внос на премногу калории, седечки стил на живот и премалку движење.
2. Дебелеење поврзано со храната
Во овој тип на дебелеење килограмите првенствено се фаќаат околу половината. Тоа е показател за прекумерното уживање во нездравата храна - продукти полни со шеќер, сол и масти.
3. Дебелеење поврзано со депресија
Во третиот тип на дебелеење, мастите прво и најмногу се таложат на подрачјето од горниот дел на стомакот до колената, а на удар се и нозете и задникот. Според експертите, најчест предизвикувач е повременото прејадување, но и тегобите и депресијата. Имено, телото во таква состојба е во „приправност“ и на тие подрачја складира резерви. Почесто е кај жените.
4. Дебелеење поврзано со венската циркулација
Венската циркулација е една од причините за дебелеење која во својата основа е зависна од генетиката повеќе од животните навики. Кај собирањето на сало исклучиво во подрачјето на стомакот голема улога играат гените. Со намален проток на крв низ тоа подрачје доаѓа до забавување на метаболизмот. Работата ја влошува и уживањето во алкохолот, а вежбањето е единствено решение.
5. Атерогенско дебелеење
Кај ваквиот тип на дебелеење, вишокот се прима на долниот дел на телото, од задникот до нозете. Причината е исто така генетска и се сведува на лоша циркулација, а се зголемува и поради животните навики - премалку сон, помалку движење. Може да дојде и до отекување на нозете. Треба да се одбегнува кофеин и алкохол.
6. Глутенско дебелеење
Во овој тип на дебелеење каде салото се собира од градите до колковите, како и по задната страна на грбот, најчеста причина е лошата реакција на глутен. Почеста е кај жените, а се појавува и во периодите на хормонални проблеми - од пубертетот и бременоста до менопаузата. Најефикасно решение е добивањето на повеќе мускулна маса со вежби, кои влијаат на поголемото трошење на калориите.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.