Живот
17. February 2016 - 16:41

Постојат 12 типови на женски гради, еве што открива одделно секој за личноста

Секоја жена, па дури и онаа со најпривлечното деколте, постојано се прашува дали нејзините гради се нормални. За да ги расчистиме сите дилеми, направена е класификација на 12 основни типови. Во еден мора да се пронајдете.
 
Откако ќе го пронајдете вашиот облик на гради, прочитајте што точно тој открива за вас и вашата личност.
Запаметете ја бројката пред да продолжите понатаму.
 
1. Вие сте префинет интелектуалец
Имате префинет карактер. По малку сте резервирани кон луѓето, но затоа брзо размислувате и имате развиен интелект. Често ја нервирате околината со длабоки разговори и често имате поинакви ставови од останатите. Спокојот и удобноста ви се најважни. Тежнеете кон тоа да останете силни и стабилни, па дури и кога имате изразени емоции се трудите да ги скриете.
 
2. Независни сте и родени лидери
Вие сте среќна душа која не бара помош од другите. Главно сте високо позиционирани во друштвото и работата. Низ животот ве води логиката, а на животот гледате како да една стратешка игра. Сакате да бидете сами и да зависите само од себе. Имате добра самоконтрола. Студени сте, но спокојни и стабилни. Роден лидер.
 
3. Шармери и авантуристи
Цврсто стоите на земја, модерни сте и со слободен дух. Иновативни сте, па од обичните работи знаете да направите необични. Импулсивни сте и затоа секој ден ви е нова авантура. Меѓутоа, повеќето постапки ви имаат скриена страна и цел, па неретко однесувањето знае да ја шокира вашата околина. Често знаете и да ги навредите другите, тоа ви е најголемата маана.
 
4. Оптимист сте и вечен сонувач
Имате „женска“ душа, мирна и романтична. Секогаш ги гледате позитивните страни на работите, па дури и кога се грижите, тоа го правите со насмевка. Интелигентни сте и внимателни, понекогаш дури и срамежливи. Сепак, со хуморот немате граници, па знаете ненамерно да ги навредите блиските.
 
5. Незаборавни сте и полни со страст
Храбри сте, вашата личност е впечатлива и атрактивна. Тешките животни задачи ги решавате со посебен жар. Сепак вашата страст има и мрачна страна – знаете да бидете бескрупулозни. Оставате впечаток на силна жена и го привлекувате вниманието на сите. Брзо донесувате одлуки, но уште побрзо ги губите нервите.
 
6. Предадени сте и љубезни
Живи сте и љубезни по природа, па сакате да се грижите за другите. Им помагате на сите кои ќе побараат и знаете да чувате тајни. Вие сте човек од доверба, а понекогаш делувате и мистериозно. Знаете како да балансирате за да воспоставите хармонија.
 
7. Мудри сте и достоинствени
Свртени сте кон мудроста и духовноста. Имате цврсто изградено достоинство и постојано се предизвикувате самите себе. Сакате добри книги и имате филозофски настроен ум. Добри пријатели сте, иако првенствено ги гледате своите интереси.
 
8. Необични и креативни
Популарни сте меѓу луѓето, полни со самодоверба и добро ги проценувате ситуациите. Имате многу мисли, но знаете да бидете меланхолични и тивки. Креативни сте, па целиот живот сакате да го живеете на свој начин. Шармот ви е голем плус, па затоа луѓето ве обожаваат.
 
9. Чисти сте и полни со добрина
Прилагодливи сте, немате расипана душа и полни сте со добрина. Лесно се вклопувате и сложувате со околината. Иако на прв поглед делувате срамежливо, всушност сте многу отворени со луѓето кои ги познавате. Добро знаете кои сте и што сте, верувате во себе и сте добар судија. Не е ни чудо што луѓето секогаш од вас бараат совет.
 
10. Зрачите со харизма и насмевки
За вас често велат дека сте повеќе во облаци, отколку на земја. Сакате да фантазирате за некои други светови и нереални ситуации. Харизматични сте и насмеани, па затоа имате многу контакти. Богатиот социјален живот е последица на вашата забавна и позитивна внатрешност.
 
11. Заводничка полна со енергија
Секое ваше појавување не поминува незабележано. Кога влегувате во некоја просторија, енергијата се менува. Навикнати сте да бидете во центар на вниманието, па таа предност добро ја користите. Уживате да заведувате и да добивате внимание. Заљубливи сте, но не поднесувате рутина и практични луѓе кои не го користат своето срце.
 
12. Вие сте спакувана мистерија
Одговорни сте и полни со самодоверба, па луѓето имаат голема доверба во вас. Околината лесно ви се доверува затоа што знаете да сочувате тајна. Сакате точност и прецизност во секој аспект од животот. Мистериозноста понекогаш ви е предност, но понекогаш и маана кога сте опкружени со луѓе кои сакаат да ви пријдат.