Македонија
11. January 2019 - 16:30

Постои можност за продолжување на распустот за учениците

Морбилите може да го пролонгираат стартот на второто полугодие од учебната година. Министертството за образование чека насоки од комисијата за заразни болести, имајќи го во прдвид фактот дека голем број и на школски деца не се вакцинирани со МРП. Адеми изјави дека се во постојана координација со здравство и со труд и социјала.

И додека мултисекторската комисија бара соодветнио законско решение, без примени вакцини децата да не се запишуваат во градинка или училишта, министерот за образование е категоричен дека основното образование во земјата е задолжително.

Според Адеми при крај е и изработката на новиот закон за основно образование, кој наскоро ќе биде објавен на ЕНЕР. Новото законско решение ќе има и за цел да ги поттикне сите родители да ги вакцинираат децата.