Македонија
23. July 2018 - 16:06

Постигнат договор за ДИК, пржинска влада и финансирање- продолжуваат преговорите за референдумот

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, денеска, во Клубот на пратениците, по речиси шест  часа дебата постигнаа договор за дел од прашањата што им беа на маса. Конкретно, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, договорени се сите детали околу техниката влада пред секои избори, според „пржинскиот модел“. За останатите отворени прашања, пак, особено за датумот и прашањето на референдумот ќе се расправа попладнево. Согласно тоа, се договоривме денеска да заврши и лидерската средба, да нема нејзино одолжување.