Свет
12. August 2015 - 9:00

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Исламистички групации и провладините сили постигнаа договор за 48-часовен прекин на огнот во неколку градови во северозападниот дел на Сирија и на границата со Либан, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права. 

Според Центарот, прекинот на огнот во градот Забадани, последен бастион на бунтовниците на границата на Сирија со Либан ќе почне во шест часот по локално време (три часот според Гринич). 

Прекинот на огнот на два дена ќе има и во Фуа и Кафраја, два шиитски града во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, последните во регионот кои се во рацете на режимот. 

Спогодбата за прекин на огнот на 48 часа беше постигната меѓу борците на влијателната исламистичка групација Ахрар ал Шам и локалните бунтовници од една страна и борците од Хезболах од друга. Ахрар ал Шам е сојузник на групацијата Џебхад ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда